Утрински Весник
Македонија

Извршено ремаркирање на националната планинарската патека Голак-Плачковица

Извршено ремаркирање на националната планинарската патека Голак-Плачковица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 10 мај 2020 (МИА) – Ремаркирана е националната планинарска патека Голак-Плачковица. Ремаркирањето  го извршија членови на Планинарскиот-спортски клуб „Голак”, согласно препораките за заштита од Ковид-19, информираше претседателот на клубот, Љупчо Чучуковски.

-Согласно мерките за заштита од коронавирусот, денес извршивме ремаркирање на дел од нашата национална планинарска патека Голак-Плачковица, која е прва таква патека во Брегалничкиот регион. Ремаркирањето и чистењето започна од најниската точка на патеката кај река Осојница на 460 метри надморска висина, се до селото Блатец на 700 метри надморска висина на падините на планината Плачковица, рече Чучуковски.

Должината на ремаркирањето, како што додаде, изнесувало пет километри.

-Маркирањето и ремаркирањето се прави во период кога вегетацијата е најјака, за да се види каде треба да се чисти, маркира и ремаркира. Се надеваме дека со оваа активност ќе придонесеме за полесно движење на рекреативците по оваа патека, додаде Чучуковски.

Вакви и слични активности, како што додаде делчевскиот планинар, ќе се реализираат и на останатите планинарски патеки во Пијанечко-малешевскиот регион, се со цел олеснето движење на рекреативците и планинарите. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче