Утрински Весник
Македонија

Извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент со акутна леукемија

Извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент со акутна леукемија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стручниот тим на Универзитетската Клиника за хематологија првпат досега изврши трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент на 68 годишна возраст, со дијагноза акутна миелобластна леукемија.

Од клиниката информираат дека пациентот Иван од Кочани е највозрасниот пациент со акутна леукемија, кој е лекуван со ваков современ тераписки пристап на клиниката. Применето е немиелоаблативно кондиционирање со хемотерапија пред интервенцијата, адаптирано на возраста на болниот и неговите коморбидитети.

„ Му посакуваме успешен исход од лекувањето и упатуваме благодарност до несродниот хуман донор од Германија, кој на возраст од 21 година одлучи несебично да донира матични клетки и да спаси човечки живот. Воедно, тимот од Универзитетската клиника за хематологија и македонскиот регистер на доброволни донори со континуирана поддршка од Министерството за здравство и во овие сериозни времиња на пандемија овозможија непрекинато одвивање на овие интервенции со клеточен материјал, кој се транспортира од странски донорски регистри“ изјави директорката Ирина Пановска-Ставридис.

Пановска-Ставридис рече дека во континуитет продолжува кампањата „Биди срцевина, биди херој“, со апел граѓаните да ја покажат својата хуманост и солидарност со зачленување во регистарот, со што ќе станат потенцијални дарители на коскена срцевина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче