Утрински Весник
Македонија

Извршена обљуба врз малолетна делчевка

Извршена обљуба врз малолетна делчевка

Делчево, 18 април 2020 (МИА) – Делчевското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.Ѓ (25) години од село Лаки, Виничко за сторено кривично дело – силување. Пријавениот, како што е наведено во полицискиот извештај извршил обљуба врз малолетно лице од Делчево.
-Кривичното дело го пријавила 29-годишна жителка на Делчево која навела дека К.Ѓ.(25) од с.Лаки, Виничко, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.  К.Ѓ. е лишен од слобода, а за настанот е запознаен Јавен обвинител, кој изготвил кривична пријава, стои во соопштението од МВР.
Делото е пријавено на 16 април 2020 во 12.30 часот во Одделение за внатрешни работи Делчево. По изготвената пријава, пријавениот е изведен пред судија по претходна постапка. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест

За влез во државата на ГП Табановце и Богородица се чека околу еден час

(Видео) Колони автомобили кон Скопје