Утрински Весник
Македонија

Извршена дезинфекција на џамиите и објектот на муфтиството во Дебар

Извршена дезинфекција на џамиите и објектот на муфтиството во Дебар

Дебар,18 март 2020 (МИА) – Во рамки на мерките на Оперативниот штаб за дезинфекција на објекти, денеска беше извршена дезинфекција на џамиите и објектот на муфтиството во Дебар.

-Извешена е дезинфекција на седумте џамии, вклучувајќи ја и Саат кула џамијата, како и просториите на муфтиството. Средства за дезинфекција ни се доставени од Оператвниот штаб, изјави за МИА, координаторот на дебаркото муфтиство Решат Качалнику.

Додава дека верниците ги почитуваат препораките на оваа институција и молитвите ги вршат дома, а од џамиите се слуша само егзанот.

– Ние како муфтиство во коорднација со надлежните во Општината сме прифатиле да прдонесеме во надминување на актуелната сосотојба која душевно не боли сите. Почитувањето на препораките е во интерес на здравјето на сите граѓани, на сите верници во Дебар, посочува Качалнику.

Според градоначалникот на Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, во оваа општина веќе е извршена дезинфекција на џамиите во сите населени места.

-Пред неколку дена веќе извршивме дезинфекција на овие свети места иако верниците строго ја почитуваат препораката на дебарското муфтиство и молитвите ги вршат дома, вели Ибраим.

Додава дека медицинската екипа која престојувала во ова општина вчера тестирала 12 лица, за кои резултатите сеуште не се познати.вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Славјанка Петровска со емотивен статус се прости од двајцата загинати во сообраќајката со мотоцикл во Скопје

ДУИ обвинува за дискриминација на Албанците во Царинската управа

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Виница и Струмица