Утрински Весник
Македонија

Извршена дезинфекција на затворот Куманово

Извршена дезинфекција на затворот Куманово

Куманово, 20 март 2020 (МИА) – Извршена е целосна дезинфекција на затворот во Кшање, соопштија денеска надлежните од казнено поправната установа Куманово. Обезбедени се средства за дезинфекција кои се распределни на вработените, осудените и притворените лица, набавени се заштитини маски и патеки за подна дезинфекција, поставени на влезот на установата.

– На осудените лица им е дозволен контакт меѓу себе. Тие се сместени во одделни соби (од четири до шест лица), но меѓусебната комуникација не им е ограничена од причина што тие се изолирани од надворешниот свет. Контактот на осудените и притворени лица со надворешниот свет е целосно ограничен. Ограничувањето подразбира забрана за посета од нивните семејства, забрана за домашни отсуства и годишни одмори, забрана за излез од седум часа надвор од установата, забрана за посета со брачен и вонбрачен партнер во посебна просторија, изјави директорот на установата, Марјан Спасовски.

Што се однесува за вработените, информираше Спасовски, еден дел користат платено отсуство, согласно одлуките на Владата, а останатите ги извршуваат работните задачи, почитувајќи ги мерките за превенција од ширење на коронавирусот. ам/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода