Утрински Весник
Македонија

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 27-годишно момче

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 27-годишно момче

Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 27-годишно момче кое доби срце од починат донор.

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на „Фејсбук“.

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација…

Posted by Венко Филипче on Saturday, April 17, 2021

Тој додава дека ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.

Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја. ❤️
Ова се дел од…

Posted by Венко Филипче on Friday, April 16, 2021

Претходно, Филипче објави фотографија од дел од докторите вклучени во операцијата со опис дека подготовките почнале од полноќ.

Првата успешна трансплантација на срце од донор беше извршена во мај минатата година.

Можете да прочитате

МВР со апел до граѓаните: Да не отвораат линкови од СМС пораки

Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку