Утрински Весник
Македонија

Извлечени тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица

Извлечени тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица
Dik 300x250 mk

Вчера во 18.25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола.

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.

Можете да прочитате

Нови обилни дождови и засилен јужен ветер доаѓаат во нашата Македонија

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!