Утрински Весник
Економија

Извештај: Екстремните временски настани нанесоа огромна штета на европската економија

Извештај: Екстремните временски настани нанесоа огромна штета на европската економија

Бури, поплави и други екстремни временски и климатски настани предизвикаа околу 500 милијарди евра економска штета во Европа од 1980 до 2020 година, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Во 32-те земји од Европската економска област, која ги опфаќа Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција, вкупната штета се движи од 450 до 520 милијарди евра, според анализата на ЕЕА.

Само околу една четвртина од вкупните загуби се покриени.

Германија, најнаселената земја-членка на ЕУ, пријави најголема вкупна економска штета, околу 110 милијарди евра за 41 година, според еколошката агенција NatCatSERVICE.

Штетите во Италија се околу 75 милијарди и во Франција околу 71 милијарда евра.

Во Хрватска временските и климатските непогоди од 1980 до 2020 година предизвикале економска штета од околу 3,2 милијарди евра, според NatCatSERVICE, со осигурена сума од само 76 милиони евра.

Слична штета претрпе и Норвешка, но со многу повисока осигурена сума од 1,79 милијарди евра.

Најголема загуба по глава на жител е забележана во Швајцарија, од 2.224 евра, покажуваат податоците на CATDAT, кои агенцијата ги користела како извор.

Екстремните временски и климатски настани однесоа 85.000 до 145.000 животи во Европската економска област помеѓу 1980 и 2020 година, според CATDAT и NatCatSERVICE.

Најголем број на смртни случаи се предизвикани од топлотен удар, дури 85 отсто, а особено тежок е забележан во 2003 година.

Најголем број луѓе починале во Франција, 26.775, според CATDAT. NatCatSERVICE наведува дека биле погодени 23.693 лица.

 

Можете да прочитате

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во САД откако Трамп се врати на власт

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Од полноќ повисоки цени на горивата