Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Известувањето за повлекување на потписите од 17 пратеници стаса во Собрание, потврдија од кабинетот на Џафери

Известувањето за повлекување на потписите од 17 пратеници стаса во Собрание, потврдија од кабинетот на Џафери
300x250 opst2

Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници стои во писменото соопштение од Кабинетот на собранискиот спикер.

Со ова, според последните анализи во јавноста, ревидираниот список, со кој опозицијата бара изгласување на недоверба на Владата, има потписи од 17 пратеника помалку. Ова е направено заради тоа што пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи побара повлекување на потписите на пратениците од Левица како услов неговиот потпис да остане на списокот.

ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник. Иницијативата уследи откако премиерот Заев заклучно со понеделникот не ја поднесе оставката најавена по локалните избори.

Можете да прочитате

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго

Отворени две постапки за семејно насилство во Скопје, се бара притвор