Утрински Весник
Македонија

Изведен планинарскиот марш „Меморијал Марко Илиевски“ на ПК Тетекс

Изведен планинарскиот марш „Меморијал Марко Илиевски“ на ПК Тетекс

Тетово, 28 јуни 2020 (МИА)Со симболично учество на планинари поради состојбата со коронавирусот, планинарскиот клуб Тетекс од Тетово денеска го изведе 29-тиот Меморијален марш Марко Илиевски. Оваа година меморијалниот марш се изведе по патеката долга девет километри до врвот Плат на 2340 метри надморска височина.

Традиционално, но денес поради настанатата состојба со коронавирусот решивме симболично и скромно да го одбележиме овој значаен марш на ПК „Тетекс“ притоа почитувајќи ги протоколите за заштита. Маршот започна од Попова Шапка до Горна Лешница и врвот Плат и назад. Традицијата останува традиција и треба да се негува, истакна Снежана Новаковска, претседателка на клубот.

Во текот на летото традиционални предизвици организирани од ПК „Тетекс“ се маршот до Караниколично езеро во јули и заедничкото организирање на летното искачување до Титов врв во август со планинарскиот клуб Јелак, чија реализација зависи од актуелната здравствена состојба. ас/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада

Загина 34-годишен возач од виничко, излетал од патот кон Берово

Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев