Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Избувна пожар во најголемиот објект во поранешната касарна во Струмица

Избувна пожар во најголемиот објект во поранешната касарна во Струмица
300x250 opst2

Струмица, 28 април 2020 (МИА) – Попладнево пред 17:00 часот избувна пожар во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица. Густиот чад може да се забележи од далеку, а досега пожарот целосно го изгоре покривот на објектот.

Според граѓани, кои живеат во близина на поранешната касарна, пожарот избувнал пред 17:00 часот.

-Слушнав сирени од противпожарните и полициските возила и кога излегов видов дека гори најголемиот објект во касарната. Таму некогаш беа сместени повеќе стотина војници и се работи за навистина голем објект. Овој дел на касарната е препуштен на забот на времето и многу граѓани слободно се движат тука, рече Мошо Лазаревски.

Во гаснењето на пожарот учествуваат сите расположиви возила и сили на ТППЕ Струмица, а приодот кон објектот е целосно затворен од страна на полицијата.

На 25 март годинава во пожар во поранешната струмичка касарна изгоре објектот во кој беше сместена регионалната телевизија „ВИС“, а од пожарот големи штети претрпеа конфекциски погон и печатница.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возел пијан низ Охрид па удрил во паркирано возило

Левица: Во недела народот избира меѓу урбанистичката мафија и хуманата урбанизација

МВР во целост ја гарантира безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократки „Локални избори 2025″