Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Избрано е идејното решение за обнова на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, позната како „Партизан“. Станува збор за проектот подготвен од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро.
Општина Карпош денеска соопшти дека во периодот од 8 до 18 овој месец преку веб страната www.karpos.gov.mk гласале 1.322 граѓани, а мнозинство гласови, односно 878 добил идејниот проект на тројцата архитекти.
Од друга страна, идејниот проект на Ивона Крстеска, Марија Гелмановска, Ана Грковска и Александар Кочовски добил 444 граѓани.
– Двата идејни проекти беа подготвени на волонтерска основа од Меѓународната невладина организација „Културно ехо“. И двата гарантираат задржување на автентичноста на објектот, но и додавање на нова вредност на салата, мултифункционалност и прилагодување на урбаниот контекст, информираат од општина Карпош.
Избраниот проект ќе биде доставен до Агенцијата за млади и спорт по што ќе следи подготовка на основен проект и реконструкција на салата. бак/сп/