Утрински Весник
Економија

Избрани 16 решенија од над 500 пријави на јавниот повик КРЕАТОН за справување со Ковид-19

Амбасадата на Словенија и Creative Hub организираат прв Креатон

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Вкупно 16 решенија се избрани од над 500-тини апликации кои пристигнале на јавниот повик КРЕАТОН за справување со последиците од КОВИД-19 што го објави Фондот за иновации и технолошки развој, а кој е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во земјава, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ и МАСИТ.

Директорот на ФИТР Јован Деспоптовски на денешната прес-конференција изјави дека добиле огромен број квалитетни предлози од граѓани, фирми и организации, како и дека решенијата даваат придонес во надминување на предизвиците во повеќе области како медицина, образование, култура…

– Она што е исклучително многу важно е што повикот го објавивме пред точно 20 дена. Добивме над 500-ини апликации во периодот од 72 часа, тоа само говори за нивото на општествен ангажман, одговорност на многу наши сограѓани, фирми и организации. Од овие над 500-ини апликации околу 158 беа поканети во втора фаза на оценување каде што преку своја видеопрезентација пред Комисијата имаа можност да го презентираат својот концепт. И она што денеска го презентираме на 20-иот ден откако е објавен јавниот повик имаме 16 решенија за коишто Комисијата смета дека се најквалитетни и коишто реално може да дадат придонес како што споменав во надминување на последиците од кризата, рече Деспотовски.

Изразувајќи задоволство од пристигнатиот рекорден број пријави на овој повик, тој изрази благодарност до сите 542 поединци, фирми, организации коишто дале придонес со квалитетни предлози за реализација на јавниот повик, а особено на УНИЦЕФ, на Американската агенција за меѓународна соработка, на Амбасадата на Швајцарија, МАСИТ и на УНДП за нивното партнерство и за нивниот придонес во успешната реализација на јавниот повик.

– Имаме избрани решенија во делот на медицината, во делот на дигиталните алатки како поддршка на микро, мали и средни претпријатија за прилагодување во оваа ситуација. Имаме дигитални алатки во делот на образованието што е исклучително многу важно за сите оние семејства коишто имаат деца во образовниот процес. Имаме дигитални алатки во делот на културата и слободното време и она што е исклучително важно, имаме дел од решенијата коишто го засегаат делот на борбата против лажните вести што како проблем ескалира не само во оваа држава, туку и во глобални рамки, вели Деспотовски.

Меѓу избраните решенија има клауд базиран ИТ решение за бесконтактна интеракција меѓу докторите, аптеките, пациентите во делот на издавањето на рецептите што е исклучително многу важно и, вели, засега сериозен дел од нашата популација особено повозрасните граѓани. Има дигитална платформа во која што ќе се даде бесплатен пристап, меѓутоа и едукација, односно советување за сите мирко, мали и средни претпријатија за тоа како да го прилагодат своето работење во услови на криза, меѓутоа и во услови на нормално работење понатаму бидејќи дигитализацијата е процес којшто мора да се случи.

Едно од решенијата нуди креирање посебен пазар, односно  виртуелен маркет во којшто нашите домашни компании, производители ќе можат да нудат одредени попусти за граѓаните по систем на поени кој колку од граѓаните нормално го поминува своето време и ги почитува препораките на здравствените власти да седи дома, дури до одреден бонус којшто ќе може понатаму да го користи како попуст во набавката на одредени производи. Има и решение во делот на верификација на идентитетот на сите учесници во различни процеси, без оглед дали се тоа граѓаните пред институциите или граѓаните и фирмите во заемен однос или фирмите меѓусебно, меѓутоа со креирање на посебен дигитален идентитет којшто целосно ги заштитува личните податоци.

– Она што е исто така важно што и мене како родител ме радува е тоа што имаме апликација на пример и за поттикнување на читачките навики кај основците и средношколците, она што особено нас како родители не засега преку интересен пристап на директен контакт на учениците со авторите во заедничко креирање на соодветна литература, вели Деспотовски.

Сите овие поединци, компании и организации коишто денеска ќе добијат поддршка ќе имаат рок од 15 дена овие решенија да ги направат функционални.

– Она што е важно што во самите услови на јавниот повик стои дека сите овие дигитални решенија ќе бидат бесплатно достапни до сите наши сограѓани, компании и организации. И она што исто така е многу важно сите овие решенија придонесуваат односно ќе бидат целосно функционални и по завршување на оваа криза, односно даваат придонес во дигитализација на општеството. Како што споменав, нашата цел е нормално од сето оваа ситуација прво да излеземе сите здрави, меѓутоа исто така мораме да излеземе и посилни и подобри, нагласи првиот човек на ФИТР.

Избраните 16 решенија со видеопрезентација од денеска ќе бидат достапни на веб-страницата на Фондот и на веб-страницата на сите меѓународни партнери коишто ги споменав претходно.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони со максимален износ по апликација до 10.000 евра во денарска противредност. Овој повик е прв од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. вг/сп/

Posted by Фонд за иновации и технолошки развој on Среда, 08 април 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија