Утрински Весник
Политички Партии

Избрани нови претседатели на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Избрани нови претседатели на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

 

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната вечер ја разгледувал актуелната политичка и економска ситуација, а, како што информираат од партијата, донесени биле и повеќе кадровски решенија.

Членовите на Извршниот комитет на опозициската партија упатија апел до пратениците во македонското Собрание на будност кон идните активности на владејачкото мнозинство бидејќи спорет, нив, истите водат кон натамошна девастација на Македонија.

„Извршниот комитет повикува на будно следење на развојот на состојбата поврзана со развојот на настаните по блокадата на евроинтеграцијата и обидот за бришење на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението.

Членовите на комитетот донеле и повеќе кадровски одлуки, при што изгласани се нови претседатели на општинските комитети во повеќе општини:

ОК Кичево – Лазе Јакимовски;
ОК Дебар – Алмедин Шаиновски;
ОК Ранковце – Даниел Павловски;
ОК Гевгелија – Андон Сарамандов;
ОК Центар Жупа – Шуаип Ракиповски;
ОК Новаци – Стевче Стефановски;
ОК Теарце – Ванчо Милевски;
ОК Брвеница – Јовица Илиевски;
ОК Боговиње – Синани Аришерив;
ОК Крива Паланка – Емил Спасовски;
ОК Старо Нагоричане – Мирослав Славковски;
ОК Куманово – Бране Петрушевски;
ОК Крушево – Биљана Проеска;
ОК Неготино – Златко Пенков
ОК Василево Славе Андонов;
додека за нов претседател на ОК Битола е изгласан Пеце Милевски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт