Утрински Весник
Македонија

Избрана најдобрата фотографија на тема #СкопјеДома за вчерашниот ден

Избрана најдобрата фотографија на тема #СкопјеДома за вчерашниот ден
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Фотографијата на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците. Фотографијата на Спахиу е избрана во конкуренција од повеќе од 100 фотографии.

Од Град Скопје ги покануваат граѓаните да продолжат да испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома.

– Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

За најкреативните, Град Скопје ќе доделува награди во висина до 100 евра, а изборот ќе се прави секој ден.

Оттаму апелираат граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на корона вирусот.фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зарина Првасевда со „Кадифено“ ја поврза традицијата со современиот музички израз

Нула жртви за 17 години: Како Црвениот крст ги спасува бездомниците во најстудените ноќи во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ испрале два милиони евра преку наместен тендер во АД ЕСМ