Утрински Весник
Македонија

Избори ќе има во 2024 година, мнозинството е стабилно, велат од СДСМ

СДСМ останува на ставот дека парламентарното мнозинство е стабилно и изборите ќе се одржат во 2024 година, и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието инсистирајќи на лидерска средба и нов датум за избори.

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека додека власта носи реформски и важни закони, ВМРО-ДПМНЕ  е страната на опструкциите и блокадите и сака да добие некакви политички поени.

„Коалицијата е стабилна, парламентарното мнозинство е стабилно и како резултат на сето тоа наредните парламентарни избори ќе бидат 2024 година и ќе бидат редовни“, рече Каевски.

Според него, среде најголема енегетска и економска криза во Европа по Втората светска војна, кога Собранието треба да носи ефикасни решенија за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади.

Можете да прочитате

(Видео) Сведоштво на патничка: Автобус на „Ганиќ“ не остави среде пат на враќање од Црна Гора

(Видео) Вицепремиерот Фетаи одбива да одговара на македонски јазик

Синoт на Горан Стефановски со јавни предлози: Време е за мали, но клучни промени во Македонија