Утрински Весник
Магазин

Идрис Елба: Не ме прашувајте дали ќе го глумам Бонд

На Идрис Елба му е преку глава да го прашуваат дали ќе го глуми тајниот агент Џејмс Бонд.

dobivaj vesti na viber

За 49-годишниот актер долго време се шпекулираше дека ќе го замени Даниел Крег како 007, но тој сега признава дека е фрустриран од постојаните прашања во врска со ваквите гласини.

Говорејќи на подкастот Jemele Hill is Unbothered, Идрис рече: „Повеќе немам одговори. На луѓето само им велам: не ме прашувајте тоа“.

Актерот смета дека одговорил на сите прашања во врска со легендарниот шпион и смета дека е непријатно што медиумите постојано го прашуваат за иста работа.

„Тоа е навистина мрзливо новинарство. Луѓето се обидуваат да го искористат како мамец за кликови, како на пример: што ќе рече овој пат? Се обидувам да ги кажувам истите работи.“

„Одвреме-навреме само ги задевам, им филозофирам зошто не сакам да го глумам 007 или зошто е гласина. Но, сега преферирам да не зборувам за тоа“.

Неодамна беше објавено дека Идрис ги напуштил разговорите со шефовите на „Бонд“ бидејќи планира да започне сопствен филмски серијал. Тој, наводно, ѝ предложила други актери на продуцентката Барбара Броколи.

Инсајдер изјави за весникот „Сан“: „Фановите и Барбара го сакаа Идрис, но тој сака да создаде нешто свое.

Еден филмски инсајдер неодамна тврдеше дека новиот Бонд мора да е на возраст под 40 години и повисок од 1.78 метри.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста