Утрински Весник
Спорт

Играчот со најмногу натпревари во Премиер лигата замина во пензија

Играчот со најмногу натпревари во Премиер лигата замина во пензија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Легендарниот англиски фудбалер Герет Бери на 40 годишна возраст реши да се пензионира. Бери во пензија замина како рекордер во Премиер лигата според бројот на настапи во најсилната англиска конкуренција. Во Премиер лигата одиграл 653 натпревари, 21 повеќе од уште една легенда, Рајан Гигс.

Најмногу натпревари во Премиер лигата одиграл за Астон Вила (365), 132 натпревари одиграл за Манчестер сити, а еден помалку за Евертон. Последниот клуб за кој настапувал во Премиер лигата е Вест Бромвич Албион (ВБА), одиграл 25 натпревари.

Минатото лето доби отказ во ВБА, меѓутоа тренерот Славен Билиќ го врати во тимот во октомври. Одигра шест натпревари за ВБА кој успеа да се врати во Премиер лигата.

Клубот не му понуди нов договор поради што реши да ја заврши кариерата.

Бери во англискиот фудбал освоил два трофеи,двата со Манчестер сити (2011 во Премиер лигата, 2012 во ФА купот).

> Играчот со најмногу натпревари во Премиер лигата замина во пензија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028