Утрински Весник
Свет

Играчки на полско-украинската граница за децата кои бегаат од војната

Играчки на полско-украинската граница за децата кои бегаат од војната

На границата на Украина и Полска, се појавија играчки за децата бегалци.

Новинарката Дарија Сипигина на својот „Твитер“ профил сподели фотографија.

„Полицајците на границата оставија играчки за украинските деца“, напиша таа.

На граничниот премин Медика, украинските бегалци беа пречекани и помогнати и од полската армија, како и од доброволци од целиот свет. Волонтери на граница на бегалците им даваат вода, пица, колбаси, овошје, пренесува Инсајдер.

Им се обезбедува и бесплатна медицинска нега, пелени, облека, обувки, колички, СИМ картички и друго.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози