Утрински Весник
Спорт

Играчите се откажале од милионските бонуси – Реал заштеди 25.000.000 евра

Играчите се откажале од милионските бонуси – Реал заштеди 25.000.000 евра

Фудбалерите на Реал Мадрид кои минатата сезона го освоија Суперкупот на Шпанија и титулата во Ла Лига му заштедија на клубот 25.000.000 евра. Капитенот Серхио Рамос предложил, а тие се согласиле да се откажат од премиите то требало да ги добијат за освојувањето на овие трофеи.

Радиото „Кадена Копе“ објави дека гарантираните премии за титулата во Ла Лига биле 700.000 евра за секој фудбалер, односно 300.000 евра за трофејот во Суперкупот.

Прв од премиите се откажал Рамос, а неговиот пример го следеле и останатите играчи. Реал на овој начин заштеди 25.000.000 евра што ќе му помогнат полесно да ја преброди финансиската криза што ја предизвика коронавирусот.

> Играчите се откажале од милионските бонуси – Реал заштеди 25.000.000 евра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност