Утрински Весник
Спорт

Играчите на Челси можат да добијат бонус од 11 милиони фунти

Играчите на Челси можат да добијат бонус од 11 милиони фунти

Фудбалерите на Челси, во наредниот период ќе одиграа две финалиња. „Сините“ на 15.мај ќе се борат со Лестер за трофејот во Фа купот, а два недели подоцна во Истанбул, против Манчестер сити ќе борат за најпосакуваниот трофеј во клупскиот фудбал.

Доколку фудбалерите на Челси победат во двата натпревари, тогаш ќе поделат бонус од 11 милиони фунти. Играчите на Томас Тухел, веќе си обезбедија бонус од пет милиони со победата над Реал, во полу-финалето во Лигата на шампионите. Дополнителни пет милиони фунти ќе добијат доколку победат во финалето, а уште еден милион им следува доколку го освојат трофејот во ФА купот.

Според клупскиот правилник, сите фудбалери ќе добијат еднаква сума.

> Играчите на Челси можат да добијат бонус од 11 милиони фунти <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина