Утрински Весник
Спорт

Играчите на премиерлигашките клубови не се противат сезоната да ја завршат безпублика

Челзи и Јунајтед убедливи, Арсенал повторно ремизира

Лондон, 24 март 2020 (МИА) – На фубалерите од клубовите во Премиер лигата не им пречи да ја доиграат сезоната 2019/20 без гледачи, јави Би-Би-Си.

Претходно, лигата одлучи да го прекине натпреварувањето до 30 април поради пандемијата на коронавирус.

– Во идеален свет, ќе игравме пред навивачите, но мислам дека во овој случај зборуваме за недостаток на алтернатива. Фудбалот е за навивачите. Но, реалноста за огромното мнозинство играчи, особено на највисоко ниво, е дека нивниот приход зависи од настапите, а има договори што мора да се почитуваат. За да можеме да ги заштитиме играчите од гледна точка на обезбедување на нивните плати, ако ова е единствената понуда што ја имаме на крајот на сезоната, тогаш таа ќе биде прифатена, изјави заменик генералниот директор на Здружението на професионални фудбалери Боби Барнс. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига