Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Игнатов: За дресот на Работнички мора да се „гине“

Игнатов: За дресот на Работнички мора да се „гине“
300x250 opst2

Работнички оствари две победи во низа откако Стојан Игнатов го презеде кормилото по заминувањето на Борче Христов од позицијата шеф на стручниот штаб. „Романтичарите“ беа поуспешни од Брегалница во Прилеп со 0:3 и од Тиквеш дома (1:0).

Игнатов вели дека не променил премногу во играта, туку едноставно низ разговор им објасни на фудбалерите дека секоја минутка во дресот на Работнички е многу важна и треба да се заслужи и да се одработи на вистински начин.

„Работнички е институција во македонскиот фудбал, клуб со голема традиција. Добро го знам тоа од периодот кога јас го носев овој дрес и бевме шампиони. Истото го барам и сега од фудбалерите. Треба да се даде максимумот, да се испочитува дресот на клубот што значи многу во оваа наша Прва лига, но и во европски рамки. Само така можеме да очекуваме напредок, но и да бидеме чесни пред себе дека сме одработиле најдобро што сме можеле. И сакам да им честитам на фудбалерите, затоа што беа максимално одговорни и дисциплинирани во играта на двата претходни натпревари против Брегалница и против Тиквеш. Но, тие победи се зад нас и сега сме фокусирани на следниот предизвик, дуелот против Македонија ЃП во Ѓорче Петров“, вели Стојан Игнатов.

Работнички в сабота ќе игра против Македонија ЃП во 28.коло од Првата фудбалска лига.

> Игнатов: За дресот на Работнички мора да се „гине“ <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона