Утрински Весник
Свет

Иво Моралес во егзил обвинет за силување и трговија со луѓе

Иво Моралес во егзил обвинет за силување и трговија со луѓе

Боливиското Министерство за правда поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Иво Моралес за наводно силување и трговија со луѓе.

Овој потег се случи откако во медиумите беа објавени фотографии од 60-годишниот Моралес со млада жена, која наводно тогаш била малолетна.

Поранешниот лидер на Боливија, кој е во егзил во Аргентина, сè уште не го коментираше обвинението, пренесува „Би-би-си“.

Моралес беше лидер на Боливија од 2006 до 2019 година, а по општите избори минатиот ноември ја напушти земјата.

Левичарскиот лидер поднесе оставка како претседател по протестите што ги доведе во прашање изборните резултати и моќта ја презеде привремената десничарска влада.

По заминувањето во егзил, Моралес е обвинет за неколку престапи.

Според обвинението, тој бил во врска со 19-годишна девојка додека таа била малолетна. Девојката наводно имала 14 години кога го придружувала Моралес на неговите патувања, пишува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Заменик-министерот Гвидо Мелгар изјави дека фотографиите се земени од братучетка на девојката која и ги испраќала додека била на патување со Моралес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари