Утрински Весник
Македонија

Ивановска: Неопходно е зајакнување на капацитетите и ресурсите на ДКСК

Ивановска: Неопходно е зајакнување на капацитетите и ресурсите на ДКСК

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изминатата година и покрај низа предизвици и проблеми со кои се соочи во остварување на надлежноста, а што влијаеше на ефектите на постапување, генерално ја оценува 2019-та како успешна.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на прес-конференција по днешната седница, најави дека приоритет во работењето за следниот период ќе биде обезбедување просторни и материјално- техничките услови, човечки ресурси и натамошно зајакнување на работењето, поголема меѓуинституционлна соработка и поддршка, како и раззвивање на неопходните софтверски решенија за електронски пристап до базите на податоци во другите институции.

– Произлегоа слабости во материјалниот закон – Законот за спречување корупција и судир на интереси, во смисла на непрецизно дефинирање на статусот на институцијата, нејасни дефиниции на одредни поими, непрецизирани постапки. Во услови на огромен број на доставени пријави и неселективен пристап на постапување на ДКСК по предметите, а во отсуство на развиено методолошки односно функционален систем на постапување и насочување на ресурсите кон спречување и ефикасно детектирање на корупцијата, како и отсуство на софтверски алатки за ефикасно работење, решавањето на предметите не беше целосно остварено на ниво на еквивалетност на примени и решени предмети, истакна претседателката на ДКСК.

Ивановска потенцира дека на Комисијата не и беа обезбедени соодветни просторни услови и сервер сала за ставање во функција на доделената ИТ опрема, ниту пак, како што рече, доволно финансиски средства за развивање на неопходните софтверски решенија за обезбедување пристап до базите на податоци на 17 други институции кои треба да бидат поврзани со ДКСК, како и за електронско поднесување на изјавата за имотната состојба и интереси.

Според неа, бројот на вработните е мал и години наназад не било посветено внимание на негово унапредување.

Во функција на решавање на проблемот на простороните услови, Ивановска информриа дека до Владата доставиле информација во која предлагаат да се реши со реконструкција на постојниот деловен простор, со драстично помалку буџетски средства, со што ќе се обезбеди поголема економичност во трошењето на буџетски средства. Се очекува одговор од Владата по овој предлог или да се најде други соодветно решение.

На денешната седница на ДКСК е усвоен и деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Комисијата, за допрецизирање на работењето пред се во услови на итност и вонредна состојба и одржување седници преку видео конференциска врска. Договорено е да се подготви Протокол за одржување јавни седници, особено во периодот на предизборна кампања. Утврден е и правилникот на систематизација, кој треба да биде одобрен од страна на Министерството за информатичко општество.

Претседателката на ДКСК информира дека на веб страницата е објавен повик за пријавување за набљудување на изборната кампања на учесниците во предвремените парламентарни избори. Ќе се ангажираат 20 набљудувачи и тоа пет лица во Првата изборна единица, четири во 5 и 6 ИЕ, три во 2 изборна единица и две во 3 и 4 ИЕ.

Меѓу другото, осврнувајќи се на работата на ДКСК, Ивановска нагласи дека е подобрена соработка со меѓународните организации, иницијативи и асоцијации, со цел да се воспостави продлабочена соработка со партнерските институции во борбата против корупцијата пред се со ЈО, Финсисиската полиција, МВР,  УЈП, Државниот завод за ревизија, ДИК, Управата за финансиско разузнавање…

Ивановска потсети дека Комисијата изработи и донесе петгодишна Национална стратегија за спречување корупција и судир на интереси со Акционен план 2020-2024, изврши проверка на изјавите за имотна состојба на 220 избрани и именувани лица, антикорупциска проверка на осум закони, почна проекти поддржани од домашни и меѓународни организации, зајакната е соработката со домашни институции и граѓански организации, како и со повеќе меѓународни организации и мрежи, а започнат е процес и за утврдување на потребите и капацитетите на ДКСК за исполнување на зголемените надлежности. цр/са/

 

Прес конференција на ДКСК

Posted by MИА.mk on Петок, 12 јуни 2020

 

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија со став: Нема потреба од посредници за спорот со Македонија

ВОНРЕДНО: Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини нападнат од три маскирани лица

Фото-Сиљановска-Давкова објави фотографија дека се сретнале со Бајден и се држеле за рака