Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ ќе биде подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус

Ибрахимовиќ прв фудбалер што постигнал гол во последните четири децении
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милано, 6 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се очекува да биде целосно подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус во Серија „А“. 38-годишниот Швеѓанец се здоби со повреда на мускулот за време на тренинг и во моментов е надвор од акција.

Според „Кориере дела Сера“, Ибрахимовиќ ќе биде целосно опоравен за натпреварот со Лацио на 4 јули и со Јувентус три дена подоцна. Сепак, тој сигурно ќе ги пропушти првите четири натпревари по продолжувањето на сезоната, вклучително и реваншот со Јуве во полуфиналето на Купот на Италија.

За време на закрепнувањето, Златан ќе престојува во Италија и повеќе нема да се враќа во својата татковина, како што направи пред неколку дена.

За 10 дена ветеранот ќе помине нови тестови за да види како се одвива неговиот третман.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот