Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ се врати на лекување во Шведска

Ибрахимовиќ вклучен во ростерот Милан за мечот со Сампдорија

Стокхолм, 27 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ се врати во Шведска, каде ќе биде подложен на лекување, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Според изворот, авионот со напаѓачот полетал попладне.

Триесет и осумгодишниот Швеѓанец ќе пропушти околу еден месец поради оштетување на мускул на десната потколеница.

Оваа сезона Златан одигра десет натпревари за Милан и постигна четири гола и една асистенција. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трета европска титула за Данска

Избран „Ол стар тимот“ на Европското првенство – Гидсел со наградата МВП

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска го освои бронзениот медал