Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Златан Ибрахимовиќ повторно ќе игра за репрезентацијата на Шведска. Информацијата ја објави „Фудбол Директ“, повикувајќи се на повеќе извори.

„Фудбол Дикретк“, тврди дека името на Ибрахимовиќ ќе се најде на спискот, на селекторот Јане Андерсон, за претстојните квалификациски натпревар, за пласман на Светското првенство во Катар.

На крајот од овој месец Шведска ќе одигра три натпревари, против Грузија, Косово и Естонија.

Ибрахимовиќ последен пат за Шведска настапи на ЕУРО 2016 во Франција. Во кариерата за Шведска одиграл 116 натпревари. Со 62 гола е рекордер во националниот тим.

> Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027