Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ им порача на Италијанците: Сите може да бидете Златан

Ибрахимовиќ им порача на Италијанците: Сите може да бидете Златан

Златан Ибрахимовиќ го заврши гостувањето на музичкиот фестивал Санремо, по што имаше говор пред италијанската јавност која беше воодушевена.

На крајот, тој објасни зошто се решил да биде гостин на Санремо и се заблагодари на својот „втор дом“ Италија, откако на фестивалот ја играше својата улога на „арогантно лошо момче“, велејќи дека ја презема контролата на Санремо.

„Сите го знаеја Златан пред овој фестивал, зошто тогаш Златан дојде тука? Бидејќи ги сака предизвиците, адреналинот. Ако не се предизвикуваш, нема да победиш. Одиграв 945 натпревари во мојата кариера и победив во многу од нив, но не во сите. Освоив 11 титули, но и загубив неколку. Освоив трофеи, но и ги загубив. Јас сум Златан без да победам на сите натпревари. Јас сум Златан и кога губам и кога победувам. Неуспехот не е спротивен од успехот, туку е дел од успехот. Да не се прави ништо е најголемиот неуспех од сите. Ако Златан може да направи грешка, тогаш можете и вие, најважно е да правите разлика секој ден: посветеност, изддржливост, концентрација. На овој фестивал сум да ви кажам дека на свој мал начин, сите можете да бидете Златан. Ви благодарам Италија, мојот втор дом“, изјави Ибрахимовиќ.

> Ибрахимовиќ им порача на Италијанците: Сите може да бидете Златан <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027