Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ: Во Шведска имам двајца синови, во Милан ги имам 25

Ибрахимовиќ: Во Шведска имам двајца синови, во Милан ги имам 25

Калчолигашот Милан по 14 кола е лидер на табелата во Серија А, а момците предводени од Стефано Пиоли се единствениот непоразен тим во Топ 5 лигите во Европа.

Голема заслуга за овој пласман има шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ кој на почетокот на годинава се врати во клубот од Милано.

Од неговото доаѓање се промени играта на „Росонерите“ кои денес делуваат непобедливо. Златан со неговите 39 години се погрижи за менталитетот на соиграчите кој беше разнишан.

Ибрахимовиќ признава дека многу разговара со колегите во клубот и ги советува како во иднина.

„Во Шведска имам двајца синови. Но овде во Милан ги имам 25 и им требам. Тоа ми го рече Пиоли и поради тоа останав“ изјави Ибра за „7Corriere“.

Златан сезонава на 10 меча постигна 11 гола, а има и 2 асистенции.

> Ибрахимовиќ: Во Шведска имам двајца синови, во Милан ги имам 25 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026