Дефинитивно сте се запрашале зошто вашето куче ика, а причината е иста како кај луѓето. Мали иритации предизвикуваат спазам на дијафрагмата, поради што доаѓа до затворање на отворот меѓу гласните жици, а со тоа се појавува и препознатливиот звук.
Причината е честопати непозната, но научниците велат дека тоа започнува со иритација на дијафрагмата.
Научниците забележале дека кутрињата и возрасните кучиња најчесто икаат откако ќе испијат вода или ќе јадат храна пребрзо, што резултира во голтање на воздух пишува „Догстер“.
Кучињата можат да икаат ако се премногу возбудени, под стрес, вознемирени или едноставно играат премногу грубо.
Има уште една теорија кога станува збор за мали кученца, а таа вели дека икањето им помага да ослободат гасови или да ублажат стомачна болка.
Постојат неколку начини како може да помогнете да се запре, но вистината е дека не постои специфична формула која ќе го елиминира икањето кај кучињата, исто како и кај луѓето.
Научниците споделуваат три совети: 1. Променете го моделот на однесување на кучето за да го промените неговиот модел на дишење. 2. Нежно масирајте му го стомакот, градите или грлото и 3. Нудете му помали, но почести оброци во помал сад.
Промената на моделот на однесување е најдобриот начин за да се сопре икањето. Охрабрете го да оди на лесна прошетка со вас или да пие малку вода на собна температура. Нежното триење на стомакот сигурно ќе му помогне, а трикот со помал сад исто така може да успее.