Утрински Весник
Македонија

Зоран Милески-Кичеец побарал одложување на затворската казна

Кичеец сам ќе се пријави во затворот: „Не барам одлагање на казната“

Зоран Милески – Кичеец до Основниот кривичен суд во Скопје побарал одложување на издржувањето на затворската казна.

Од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари потврдија дека тој се’ уште не се пријавил иако тоа требаше да го направи до вчера, на 12 октомври.

Во изјава за „Макфакс“, Милески вчера рече дека не поднел барање за одлагање на казната и ќе постапи како што налага судот.

Тој на стартот на процесот „Рекет“ призна вина по што веднаш ја доби и пресудата, тригодишна затворска казна.

Освен Кичеец, во истиот процес на седумгодишна затворска казна е осудена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на девет годишна затворска казна неформалниот сопственик на поранешната 1ТВ, Бојан Јовановски попознат како Боки 13.

Тој , како што беше наведено во пресудата, бил посредник и договарал средби помеѓу Бојан Јовановски-Боки 13 и сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана. Средби имале потоа и со Камчев кога тој излегол од притвор. На средбите тие барале и земале пари за Камчев да добие поблаг третман во случајот на СЈО, „Империја“, каде што тој е осомничен. Според пресудата, двајцата од Камчеви зеле околу 1,5 милиони евра.

Кичеец првично беше во куќен притвор, а по поднесувањето на гаранцијата во недвижности од 13 милиони денари, куќниот притвор му беше укинат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност