Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ бара да му се даде дозвола да остане во Босна и Херцеговина и таму да ја отслужи затворската казна од 4 години и 8 месеци за нелегално извлекување на пари од клубот.
Мамиќ и неговиот брат, поранешниот претседател на клубот, Златко Мамиќ, се во Босна и Херцеговина – Златко избега уште порано и живее во Херцеговина, додека Зоран Мамиќ по патувањето во Дубаи слетал во БиХ и планира да остане таму.
Тој бара да ја отслужува казната во БиХ, бидејќи има двојно државјанство.
> Зоран Мамиќ бара затворската казна да ја отслужи во БиХ <