Утрински Весник
Македонија

Зоолошката градина во Скопје добива 7Д-кино

Зоолошката градина во Скопје добива 7Д кино. Станува збор за нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои буквално прават да бидете дел од филмот.

Во киното се чувствува мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата се движат соодветно со движењата во филмот.

Ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот.

„7Д киното ќе биде поставено блиску до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платено од спонзори“, најави директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

Можете да прочитате

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Водици 2026 ни носи ладно и суво време со температури до -10 степени

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема