Утрински Весник
Македонија

ЗНМ со осуда за односот на полицискиот службеник од затворот „Скопје“

ЗНМ со осуда за односот на полицискиот службеник од затворот „Скопје“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот на униформираниот службеник од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа, при излегувањето од притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Од ЗНМ велат дека ќе ги повикаат на одговорност и МВР и Директорот на затворот.

„Се работи за крајно непримерен и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, се наведува во реакцијата на Здружението на новинарите.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор