Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Осуда за јавните етикетирања на Алијанса за Албанците кон ТВ 21

ЗНМ: Осуда за јавните етикетирања на Алијанса за Албанците кон ТВ 21
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија денеска истакна дека го осудува односот на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села за статусот објавен на неговиот профил на Твитер во кој Села ја обвини ТВ 21 дека служи како платформа за пропаганда на ДУИ користејќи ЕУ фондови.

– Ова не е прв пат ТВ 21 да биде цел на закани и етикетирања од страна на локални политичари, а ваквите напади особено доаѓаат до израз во овој период кога се очекува да следи изборната кампања за претстојните парламентарни избори. Укажуваме дека не е работа на политичарите јавно да ја ценат професионалноста на медиумите и доколку имаат забелешки за нивната работа потребно е да достават претставки до Советот за етика во медиумите во Македонија или до Советот на честа при ЗНМ, истакнаа од Здружението.

Од ЗНМ образложија дека објавата на Села следела откако во емисијата ЕУ Клик, која инаку е поддржана од проектот Нордика, гостуваше Бујар Османи во својство на Национален координатор за странска помош и Главен координатор на сите локални самоуправи во борбата против Ковид-19, како и Висар Ганиу кој е градоначалник на Чаир и лице кое имаше позитивен тест на Ковид-19.

Според ТВ 21, наведоа од ЗНМ, само во текот минатиот месец, претставници на АА неколку пати гостувале во емисиите на програмата на оваа телевизија. Оттаму сметаме дека објавата на Села претставува непринципиелен напад врз уредувачката политика на медиумот и директен притисок врз новинарите кои работат на емисијата ЕУ Клик. см/сп/ 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица

СДСМ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник