Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот
Img 7972

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на тоа што Основниот граѓански суд во Скопје донесе пресуди со кои се одбиваат тужбените барања на новинарката Наташа Стојановска и Душица Мрѓа, кои бараа повреда на нивните права и штета од државата за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Северна Македонија.

„Оваа пресуда е пропуштена можност да се заштитат правата на новинарите и преставува уште еден доказ дека постојат двојни стандарди за судот кога се во прашање политичари и новинари. Потсетуваме дека во случајот со групата политичари Основното јавно обвинителство по службена должност покрена постапки и кривичниот суд осуди со затворски казни група на граѓани а во случајот на новинарите самите беа оставени да покренуваат приватни тужби. Образложението на судот во пресудите е дека новинарките не доставиле докази од кои што може да се утврди дека на 27 април 2017 година се случиле јавни демонстрации пред Собранието, иако во тужбата уредно се доставени видео записи од случувањата пред Собранието, а критичниот ден стотици објави беа и се присутни на медиумите. Фактот што судот не признава повреда на правото на слободата на изразување и бара од новинарите да докажат општо познати факти, дека имало упад во Собранието од страна на лица кои јавно демонстрирале на 27 април 2017 година е тенденциозен и преставува преседан во контекст на овој случај,“ се вели во соопштението.

Од ЗНМ исто така додаваат дека „небулозно е тврдењето на судот дека новинарите немале право да бараат надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки и наведува дека двете немале телесни повреди.“

„Скандалозен е фактот што судот не признава дека душевната болка, страв и траума кој биле доживеани од страна на присутните новинари е проблематично и притоа се имплицира дека немале телесни повреди тужителите. Потсетуваме дека судската власт има обврска да ги штити правата на новинарите бидејќи со тоа го штити и правото на граѓаните да бидат информирани,“ се додава во соопштението.

Од ЗНМ велат дека „за оваа срамотна пресуда на штета на новинарите и на слободата на изразување во нашата земја ќе ги извести сите релевантни меѓународни организации.“

 

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!