Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот
300x250 opst2

Оваа недела Основниот граѓански суд во Скопје донесе пресуди со кои се одбиваат тужбените барање на новинарката Наташа Стојановска и Душица Мрѓа, кои бараа повреда на нивните права и штета од државата за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Северна Македонија. ЗНМ најавува дека за пресудата, која е на штета на новинарите и на слободата на изразување, ќе ги извести сите релевантни меѓународни организации.

„Оваа пресуда е пропуштена можност да се заштита правата на новинарите и преставува уште еден доказ дека постојат двојни стандарди за судот кога се во прашање политичари и новинари. Потсетуваме дека во случајот со групата политичари Основното јавно обвинителство по службена должност покрена постапки и кривичниот суд осуди со затворски казни група на граѓани а во случајот на новинарите самите беа оставени да покренуваат приватни тужби“, велат до ЗНМ.

Според ЗНМ, „образложението на судот во пресудите е дека новинарките не доставиле докази од кои што може да се утврди дека на 27 април 2017 година се случиле јавни демонстрации пред Собранието, иако во тужбата уредно се доставени видео записи од случувањата пред Собранието, а критичниот ден стотици објави беа и се присутни на медиумите. Фактот што судот не признава повреда на правото на слободата на изразување и бара од новинарите да докажат општо познати факти, дека имало упад во Собранието од страна на лица кои јавно демонстрирале на 27 април 2017 година е тенденциозен и преставува преседан во контекст на овој случај“.

„Исто така, небулозно е тврдењето на судот дека новинарите немале право да бараат надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки и наведува дека двете немале телесни повреди. Скандалозен е фактот што судот не признава дека душевната болка, страв и траума кој биле доживеани од страна на присутните новинари е проблематично и притоа се имплицира дека немале телесни повреди тужителите.Потсетуваме дека судската власт има обврска да ги штити правата на новинарите бидејќи со тоа го штити и правото на граѓаните да бидат информирани“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“