Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЗНМ: Медиумите да известуваат одговорно за Ковид 19 и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста

ЗНМ: Новинарите не смеат да имаат конфликт на интереси
Img 7972

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија денеска преку соопштение информира дека се придружува на повикот на Европската федерација на новинари (ЕФН) во апелот до медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за коронавирусот (Ковид-19).

Како што наведуваат од ЗНМ, новинарите и медиумите имаат одговорност да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника во јавноста. Тие имаат обврска да отстапат простор на експертите кои се квалификувани да коментираат за ваквите чувствителни прашања.

– Овој период треба да се избегнува користењето на вокабулар што предизвикува страв кај граѓаните и може да создаде паника што не одговара на реалноста. Освен тоа, новинарите треба да бидат особено внимателни и за приватноста на засегнатите лица. За таа цел апелираме до јавните власти и медицинските институции да обезбедат навремени и транспарентни информации, така што новинарите и јавноста ќе имаат пристап до сите релевантни информации, се посочува во соопштението.

ЕФН посочува дека новинарите имаат обврска да објавуваат точни податоци од официјални извори како што се оние од Светската здравствена организација и тие да бидат во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите.

ЗНМ им порачува на граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат за овие теми и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми, стои во соопштението. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Починал сведок на судење во Основен граѓански суд Скопје

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто

Срушен ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство при изведба на градежни работи на индивидуален објект