Утрински Весник
Македонија

ЗНМ и ОБСЕ обезбедија заштитна опрема за новинарите од повеќе медиумски куќи

ЗНМ и ОБСЕ обезбедија заштитна опрема за новинарите од повеќе медиумски куќи

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Здружението на новинарите (ЗНМ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска информираа дека се обезбедени 150 пакети со заштитни средства за новинарите од околу 100 медиуми.

Секој од пакетите содржи заштитни маски, ракавици, наочари, средства за дезинфекција и други потребни средства. Дистрибуцијата почнува од денеска, а ќе се одвива во текот на наредните неколку дена.

– Медиумските работници се на првите борбени линии, изложени на секакви опасности, а како што можеме да видиме и на опасноста да бидат заразени. Заштитени истражуваме, објавуваме и информираме. Коронавирусот е опасен, но исто толку опасна е и заразата да останеме неинформирани за тоа што се случува околу нас во оваа вонредна состојба што ја живееме, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола