Утрински Весник
Македонија

Знамето на С. Македонија свечено ќе биде подигнато во Брисел и Норфолк за добредојде во НАТО

Знамето на С. Македонија свечено ќе биде подигнато во Брисел и Норфолк за добредојде во НАТО

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Церемонија на подигнување на знамето на Северна Македонија ќе се одржи попладнево во седиштето на НАТО во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Како дел од свечената и церемонијална завршница на стапување на земјава во полноправно членство во НАТО, денеска истовремено ќе бидат подигнати три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД.

Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време и во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел, во 15:00 часот по средноевропско време, ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров.
Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ќе ја следи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, после што ќе има свое кусо обраќање.
Формалната постапка за членството во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на САД во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјава во Алијансата.
Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ