Утрински Весник
Македонија

Знамето на НАТО се вее пред Собранието

Знамето на НАТО се вее пред Собранието

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Знамето на Северноатланската алијанса се вее пред Собранието на Република Северна Македонија.

По свечената собраниска седница, на претседателот на Собранието Талат Џафери му беше предадено знамето на Алијансата кое потоа беше закачено на јарболот до македонското знаме пред парламентарниот дом.

Претходно Собранието со 114 гласа „за“ го изгласа Законот за Ратификација на Северноатланскиот договор, кој ќе стапи во сила по ратификација на Протоколот за НАТО од страна на Шпанија. Северна Македонија по овој чин се очекива да стане 30-та земја членка на НАТО. ев/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Четворица млади претепале обезбедувач и кршеле инвентар во кумановски локал

Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила

Хоџа-Дрекслер: поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем