Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Злато за Норвешка во штафетата 4×7,5 километри

Злато за Норвешка во штафетата 4×7,5 километри
300x250 opst2

Норвешка го освои златниот медал во бијатлонската штафета 4×7,5 километри, на Зимските олимписки игри во Пекинг. Норвежаните, ја искористија шансата што им ја пружи Едуард Латипов од Русија, кој на последното појавување на стрелиштето, промаши пет пати и и ја испушти предноста од 54 секунди.

Златниот медал на Норвешка и го донесоа браќата Бо, Терјеи и Јоханес Тигнес, Струла Холм и Вертле Шостад Кристијансен.

Норвешка е водечка нација на ЗОИ со 24 медали, 11 од нов се златни.

Лошиот настап на Латипов, покрај Норвешка го искористи и Франција. Штафетата во состав Фабијан Клод, Емилијан Жаклен, Симон Детјо и Квентан Фијон Мае, го освои сребрениот медал.

Русите на крајот дојдоа до бронзата, без златото останаа поради ужасниот настап на Латипов во последните 3,5 километри. Покрај Латипов во штафетата трчаа Саид Каримула Халили, Александар Логинов и Максим Цветков.

> Злато за Норвешка во штафетата 4×7,5 километри <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион