Утрински Весник
Спорт

Златен покер на Јоханес Тингнес Бо во Пекинг

Златен покер на Јоханес Тингнес Бо во Пекинг

Норвешкиот ас, Јоханес Тингнес Бо (28), освои уште еден златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. Бо, претпладнево, триумфираше во бијатлонската трка на 15 километри масовен старт.

Бо е еден од хероите на 24.ЗОИ. Тој досега во Пекинг освои четири златни медали. Временските услови во кои се одржа трката, беа далеку од идеални, студеното време и силниот ветер им направија многу проблеми на бијатлонците.

Бо најдобро се снајде и покрај тоа што четири пати промаши на стрелиштето (дополнителни 600 метри трчање), тој беше недопирилив за конкурентите. Во целта влезе со резултат 38:14.4 минути.

Колку добро трчаше Бо покажува и разликата од 40 секунди, помеѓу него и освојувачот на сребрениот медал, Швеѓанецот Мартин Пансилуоми, кој на стрелиштето промаши два пати.

Бронзата ја освои сонародникот на Бо, 29-годишниот Ветле Сјаштанд Кристијансен. Кристијансен го освои вториот медал во Пекинг, беше член на златата норвешка штафета.

Инаку, Кристијансен го спречи Кентан Фијон-Мае да го освои шестиот медал на ЗОИ во Пекинг.

> Златен покер на Јоханес Тингнес Бо во Пекинг <

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1