Утрински Весник
Политички Партии

Зијадин Сеља носител на листа во шестата изборна единца, Африм Гаши во втората

Зијадин Сеља носител на листа во шестата изборна единца, Африм Гаши во втората

Гостивар, 11 март 2020 (МИА) – Лидерите на политичките партии Алијанса за албанците и Алтернатива кои ќе настапат во коалиција на претстојните избори ќе ги предводат лиситите со кандидатите во две изборни единици. Комлетните листи ќе бидат објавени утре, ова се двете поважни одлуки на Централното собрание кои вечерва се донесоа во Гостивар.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Сеља по собранието кажа дека партиските органи решиле тој да го направи конечниот список на кандидати и дали ќе се настапи во четвртата изборна единица.

– Јас ќе бидам носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, а нашиот партнер Африм Гаши во втората изборна единица. Највиското партиско раководство реши да поднесеме листи за вкупно пет изборни едници, првата, втората, третата, петтата и шестата, а за четвртата изборна единица, можноста ќе биде отоврена. Кончената одлука ќе ја донесеме до утре, рече Сеља. згм/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт