Утрински Весник
Спорт

Зинченко низ солзи: Одиме на победа за сите Украинци

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Олександер Зинченко не можеше да ги заддржи солзите на прес-конференијата на „Хемпден“ во Глазгов, ветувајќи дека неговите соиграчи од украинската репрезентација ќе се борат да донесат неверојатни емоции за нацијата пред утрешниот бараж со Шкотска за пласман на Светското првенство во Катар.

Украина ќе го играа својот прв официјален меч по инвазијата од Русија во Шкотска, каде што победникот ќе игра во финалето на баражот против Велс. Фудбалот беше во втор план во Украина по почетокот на војната на 24 февруари, но Зинченко вели дека тие се поготвени.

„Секој Украинец сака само едно нешто – да сопре војната. Зборував со многу луѓе од целиот свет, но и со украински деца кои не сфаќаат што се случува. Сите имаат еден сон – војната да сопре. Ако зборуваме за фудбалот, и ние имаме една цел – да одиме на Светско, да им дадеме неверојатни емоции на сонародниците, бидејќи го заслужуваат тоа во овој момент. Сите знаат што се случува во Украина и затоа мотивацијата е голема“, изјави Зинченко низ солзи.

> Зинченко низ солзи: Одиме на победа за сите Украинци <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028