Утрински Весник
Свет

Зиничев: Задачата на Русија во Нагорно-Карабах е да го врати мирот што е можно поскоро  

Зиничев: Задачата на Русија во Нагорно-Карабах е да го врати мирот што е можно поскоро  

Главната задача на руското Министерство за вонредни состојби како дел од тековната хуманитарна операција во Нагорно-Карабах е да го врати мирниот живот таму што е можно поскоро, рече шефот на министерството, Евгениј Зиничев, за време на работната посета на Азербејџан и Ерменија.

„Главната задача на тековната хуманитарна операција е брзо обновување на мирниот живот во регионот. За нас е многу важно да имаме релевантни и веродостојни информации за реалните потреби на Нагорно-Карабах за да ги минимизираме можните негативни последици за населението. Министерството за вонредни состојби на Русија е редовно член на работни групи за проценка на состојбата на инфраструктурата во Нагорно-Карабах и неговите потреби“, рече тој.

Зиничев додаде дека до денес околу 300 тони хуманитарен товар се испорачани во Нагорно- Карабах со камиони, а речиси 1.200 тони со железница. Тоа се градежни материјали, дизел генератори, теренски возила, печки и предмети за домаќинството. Исто така, во регионот е распоредена единицата за деминирање на министерството дена.

Зиничев за време на неговата работна посета на Ерменија се сретнал со ерменскиот премиер Никол Пашинјан и со министерот за вонредни состојби, Андраник Пилојан. Во Азербејџан се сретнал со претседателот Илхам Алиев и со министерот за вонредни ситуации, Камаладин Хејдаров.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци