Утрински Весник
Спорт

Зидан: Ќе се обидеме да освоиме трофеј, тоа е во нашето ДНК

Зидан изрази оптимизам по поразот од Атлетико Мадрид
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 20 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го даде своето прво интервју по продолжувањето на тренинзите на тимот.

Тој изрази радост поради ова, како и задоволството од формата во која се неговите фудбалери по два месеци дома.

– Среќен сум што можам да работам со моите играчи по 60 дена. Сите сме среќни што се вративме. Планиравме физичка подготвка и играчите одлично се справија по дома. Тие беа во форма. Среќни сме што сме заедно и уживаме во тоа. Неделата беше многу добра за работа, иако во мали групи. Но можеме да направиме нешто поактивно, оваа недела го гледам тимот подобро, играчите сакаат да тренираат, но многу повеќе да играат. Очекуваат наскоро да го прават тоа. Мора да размислувате позитивно, јас гледам убава иднина. Играчите знаат дека остануваат 11 натпревари и сакаат да завршат силно за да освојат трофеј. Тоа е во нашето ДНК, рече Зидан за телевизијата на Реал.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Васил Рингов  – 24info.mk

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем