Утрински Весник
Спорт

Зидан сака да го види Мбапе во Реал

„Екип“ ја откри цената на Мбапе

Мадрид, 8 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, може да заврши во Реал Мадрид. Него, во шпанскиот клуб лично сака да го види тренерот Зинедин Зидан, пренесува новинарот Никола Скира на Твитер.

Сепак, ПСЖ не сака да се раздели со напаѓачот. Спортскиот директор во Париз, Леонардо, се обидува да го убеди фудбалерот да остане нудејќи му договор до 2025 година со двојно зголемување на платата.

Во тековната сезона, 21-годишниот Французин има одиграно 33 натпревари на сите натпреварувања, во кои постигна 30 голови и направи четири асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од кошмарот во Кардиф до четврти шешир: Македонија поразена 7-1 од Велс

Ракометарите на Вардар се вратија на првото место

Два златни, еден сребрен и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025″