Утрински Весник
Спорт

Зидан решил да го напушти Реал

Зидан решил да го напушти Реал

Зинедин Зидан, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Реал Мадрид. На неговото место во Мадрид ќе дојде Масимилијано Алегри или Раул, тренерот на вториот тим на Реал. Зизу веројатно ќе седне на клупата на Јувентус.

Реал Мадрид се уште има шанси да ја одбрани титулата во Шпанија, меѓутоа „Дејли мејл“, тврди, дека без оглед на исходот во шампионската трка, Зидан веќе донел одлука да си замине по меот од последното коло, во кое Реал ќе го пречека Виљареал.

Реал вечерва гостува во Гранада, а Зидан има големи проблеми со составувањето на одбраната. Повредени се Рафаел Варан, Серхио Рамос, Лукас Васкез, Дани Карвахал и Ферман Менди, а Зидан од првиот тим го исклучи Марсело, поради недоразбирањата што ги имал со Бразилецот.

> Зидан решил да го напушти Реал <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина